Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, вечерва ќе биде донесен во Македонија, ексклузивно објавува порталот 24инфо.
Според информациите, Палевски вечерва треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје.
Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција.
Министерството за правда пред две недели соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.
Можеби ќе ве интересира: