На денешен ден 3 трети октомври пред точно 25 години неуспешно беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.
Глигоров преживеа со тешки повреди на главата, а на местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а како последица на повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повреден беше телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски и Климе Коробар и Јован Атанасовски, кои во моментот се затекнале таму.
Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на претседателот Киро Глигоров се движеше кон зградата на Собранието.
Во истрагата беа претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година, на 94 години.
Можеби ќе ве интересира: