30 години од атентатот врз Киро Глигоров

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

Глигоров со тешки повреди на главата, го прживеа нападот. На местото на настанот загина неговиот возач Алекасндар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател Илчо Теовски. Од последиците од експлозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски, исто така случајни минувачи.

Agria

Атентатот беше извршен во возило „цитроен ами 8“, беа скриени 20 килограми експлозив, активиран од далечински управувач, во миговите кога возилото со Глигоров се движеше кон зградата на Собранието, и експлозијата се случи пред хотелот Бристол.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година.  Глигоров почина од природна смрт на 94-годишна возраст на 1. јануари 2012 година.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: