30 мигранти фатени на велешка патарина

Migranti kamion
Migranti kamion

Триесет мигранти во камион фати полицијата вчера на автопатот Велес – Скопје, на наплатната станица „Отовица“ кај Велес. Возачот на товарно возило со скопски регистрации се обидел да побегне, но полицајците успеале да го фатат и да го уапсат.

„На 20.09.2020 во 12.00 часот на наплатна станица „Отовица” во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил местото на настанот. Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го лишиле од слобода С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 лица-мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија. За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг“, соопшти полицијата.

Agria

С.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: