Сообраќајната полиција на територијата на СВР Велес вчера изрече вкупно 35 мерки на возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната.
„Вчера на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 35 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Можеби ќе ве интересира: