3500 текстилни работници на колективен одмор

Tekstilna konfekcija 3
Tekstilna konfekcija 3

Околу 3500 текстилни работници во Штип се на колективен одмор. Државна помош нема, се раскинуваат договори, се намалуваат нарачки.Текстилната индустрија е пред амбис. Компаниите велат ова е преодна фаза, пред конечни отпуштања. Состојбата дополнително ја усложнува и корона кризата и затварањето на Европа поради која нивните традиционални партнери не знаат дали ќе склучуваат нови договори.

Zito akcija 640x289px

Донесувањето на новиот петти пакет антикризни мерки заедно со уште неколку други закони се уште е блокиран во Собранието.  Договор падна меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по средбата на нивните лидери, но од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа илјадници амандмани и остануваат на ставот дека ќе ги повлечат само доколку се најде решение за Законот за државјанство. Политичките игри сериозно ќе го погодат источниот регион бидејќи тука се лоцирани дури 40 % од текстилните и кожарските фабрики.

Agria

Неколку големи текстилни  компании во Штип ја чекаат државната помош за да исплатат плати на работниците. На државно ниво според УЈП плата за февруари чекаат околу 7000 работници. Истражувањето на невладината ЗМАИ, покажа дека поради корона кризата лани се изгубиле 6.800 работни места во кожарството и текстилството.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: