45 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

Stop Policija

Сообраќајната полиција на територијата на СВР Велес вчера изрече вкупно 45 мерки на возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната.

Zito akcija 640x289px

„Вчера полициски службеници од СВР Велес спроведоа акциска контрола на подрачјето на СВР Велес за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишана, при што преземени се вкупно 45 мерки, од кои 7 возачи ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а 38 надвор од населено место. Притоа, 3 возила се санкционирани за движење со брзина поголема од 50 километри на час над дозволеното. На сите прекршители изгготвени им се соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: