46-годишен маж изгоре во неговата семејна куќа

pozar

Во кочанското село Грдовци, вчера околу 6 часот избувнал пожар во семејна куќа, при што 46-годишниот сопственик изгорел, а неговата мајка по здобиени повреди од вдишување чад е пренесена во Општата болница во Кочани.

Zito akcija 640x289px

Во вистинската драма која се случувала интервенирала противпожарна екипа, па В.Ј.(71) била извадена од куќата и пренесена во градската болница во Кочани за укажување лекарска грижа, додека кај нејзниот син А.Ј. била констатирана смрт.

Agria

“Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории. За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот“, изјави Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Полицијата извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17796/navivachkata-grupa-gemidhii-so-poddrshka-za-prviot-chovek-na-borecz-kocho-angushev/