Велешанец на 46-годишна возраст е повреден, кога неговото возило марка Матиз утрово падна на пругата Велес – Гевгелија, кај месноста Долнодуќани. Лекарскиот тим на итната медицинска помош, кој утрово околу 8:25 часот добил повик за сообраќајна несреќа, му пружил прва помош на возачот.
„Во моментот на пружањето помош, повредениот беше во свесна состојба, со повреда на главата, крварење од нос и болки во коленото. Повредениот е згрижен на лице место и транспортиран на хирушкото одделение на велешката болница за понатамошен третман“, рече др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош во Велес.
Возачот бил сам во автомобилот, а се движел во правец на Стар мост, кога прво удрил во столб покрај патот и излетал со на пругата, по што возилото се превртело на покрив.
Полицијата изврши увид на местото на настанот, а автомобилот со дрезина на Македонски железници беше отстранет од пругата и пренесен кон железничката станица во Велес. По краткиот неколкучасовен прекин, железничкиот сообраќај на пругатa продолжи.
Можеби ќе ве интересира: