„5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко

Festival 5re

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца.

Zito akcija 640x289px

Фестивалот ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца.

Содржината продолжува под рекламата

Влезниците за фестивалот „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: