Пациентка на 73-годишна возраст е почината во велешкиот ковид центар од компликации на ковид -19. Таа починала само 2 часа откако била хоспитализирана во велешката болница.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 26 пациенти, 18 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а седум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 10 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 22 пациенти, на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти. Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар хоспитализиран е еден нов пациент.
Можеби ќе ве интересира: