Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 76 возачи. Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, соопштија од Министертвото за внатрешни работи.
Содржината продолжива под рекламата
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: