30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Brako 9 masina 4

40 продавачи на возилата за чистење на БРАКО од целиот свет денеска во кругот на фабриката во Велес го тестираа новото електрично возило за чистење Грин Машинс кое влегува на пазарот, откако доби меѓународна сертификација од ТУВ Германија.

Zito akcija 640x289px

Грин Машинс 720 ZE e целосно нова машина развиена во последните две години во БРАКО во Велес, од тим составен од врвни домашни инженери.

Agria

Покрај вградената технологија од последната генерација, најважна предност на новата електрична метларка е што има зголемен капацитет на контејнерот, но притоа е внимавано тежината на возилото да не надмине 3 и пол тона, за да може да се управува со Б категорија, а што е олеснувачко за комуналните претпријатија и општините кои денес тешко можат да најдат возачи со Ц категорија. Од таа причина се очекува овој модел да биде најбаран во својата категорија на светскиот пазар.

Свиперот работи на електричен погонсо вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, вртење практично во место погодно за тесни улички во градските јадра, воден облак за спречување на прашина при метењето, миење под притисок, дополнителен страничен усисувач, стаклен под за подобра прегледност на полето на чистење и 360⁰ камера.

Грин Машинс на БРАКО продава возила за чистење на електричен, водороден и класичен погон во 50 држави во светот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Влада: Се донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми со цел да се зајакне конкурентноста во медиумскиот простор
Дуел Трендафилов - Петрушевски: Да ме обвинувате дека како претседател на ССМ 7 години не сум презел ништо за работниците е смешно бидејќи само 18 месеци сум претседател
Со распит на обвинетиот Велибор Манев треба да продолжи судењето за убиствата на Вања и Панче