Агенцијата за одземен имот продава три стана во Велес и еден стан во Скопје

Veles juni 2022

Агенцијата за управување со одземен имот ќе продава неколку стана одземени од криминалци кои вршеле кривични дела. Како што наведуваат од Агенцијата, станува збор за конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. Одлуките за продажба на овие станови се донесени од Владата.

Zito akcija 640x289px

Станува збор за продажба на недвижности на второ јавно наддавање по електронски пат. Огласот е распишан завчера, а јавното наддавање ќе се изврши на 30 овој месец. Во Велес, ќе се продаваат неколку станови, и тоа – првиот од 43 метри квадратни, вториот од 76, третиот од 71, потоа гаража од 20 м2, подрум од 11 м2 и помошна просторија од 8 м2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Почетна цена е утврдена од Министерството за правда и намалена за една четвртина од проценетата вредност, или вкупно се проценети на 2.516.902 денари, односно 40.925 евра. Наддавањето за овие станови ќе почне во 9 часот и ќе трае 15 минути. Крајниот рок за поднесување на пријавите за учество исто така е 28 јуни до 15.30 часот. Повеќе детали за продажбата можете да видите  на овој линк.

Можеби ќе ве интересаира:

https://batali.net/30418/pecze-stojanov-so-postignati-29-pogodoczi-najdobar-strelecz-vo-treta-liga-jug/