Денеска во Кривичниот суд во Скопје е закажано судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг Воислав Будисавјевиќ, кои се товарат за производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Според обвинението, тие организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
„Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Р. Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа“, информира Обвинителството.
Можеби ќе ве интересира: