Ноќеска на полноќ истече крајниот рок до кога политичките партии, коалициите и независните кандидати и листи требаше да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври до општинските изборни комисии (ОИК). Државната изборна комисија (ДИК) најави дека во текот на денов ќе ја соопшти точната бројка на поднесени кандидатски листи за изборите.
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски на својот фејсбук профил соопшти дека актерот Зоран Љутков e носителот на листата на коалцијата за советници во Советот на Општина Велес.
Содржината продолжува под рекламата
“Зоран Љутков, човекот кој е еден од најдобрите актери во Република Македонија, човек кој доаѓа од културата која беше најјаката страна на Велес, но за жал во последните неколку години замре.Верувам дека со превземањето на локалната власт, Љутков ќе го прави она што најдобро го знае – а тоа е работа, работа и само работа за Велес повторно да се врати на мапата на градови со развој, просперитет и да можеме сите заедно да кажеме дека Велес повторно е град на културата, традицијата и еснафот”, напиша на својот фејсбук профил актуелнот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Претходно од партијата соопштија дека Марко Колев е кандидатот за градоначалник на Велес на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Можеби ќе ве интересира: