Актуелните мерки за влез во Грција продолжени за уште една седмица

Granicen premin Grcija
Granicen premin Grcija

До 29 јули се продолжени актуелните правила за влез во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, согласно новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што утрово стапи во сила.

Zito akcija 640x289px

Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Agria

Во одлуката, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците.

Ноќните клубови, дискотеките, бузуки и слично во Грција, без оглед дали се на отворено или затворено, ќе примаат исклучиво вакцинирани гости или лица кои прележале ковид-19, согласно новата министерска одлука.

Иако новите мерки кои стапуваат денеска во сила, првично се однесуваа само на затворени простори, сега, во објавената одлука од надлежните министерства има промени во однос на ноќните клубови.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: