Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ја добила официјалната агенда за претстојните преговори меѓу Србија и Косово на 4 септември во Вашингтон и дека во неа е само една точка „која е неприфатлива.“
„Мислам дека знам каква може да биде содржината на тоа изненадување и во тој случај ќе го одбијам состанокот со Трамп и косовскиот премиер Хоти“, рече Вучиќ за ТВ Пинк.
Состанокот меѓу Вучиќ и Хоти го најави Ричард Гренел – известувачот на американскиот претседател за дијалогот меѓу Косово и Србија. Состанокот првично беше најавен за 2 септември, но потоа од организациски причини беше одложен за 4 септември.
Можеби ќе ве интересира: