Александра Јовановска од ЖФК Борец доби 81 минута од селекторот Астрит Мерко во победата над Лихтенштајн на првиот УЕФА квалификациски меч во Б лигата за селекции до 19 години, одигран во Словенија.
Македонија победи со 2:0, а стрелци на головите беа Божиновска во 37 минута и Милчевска во 61 минута. На вториот натпревар од групата, Словенија ја победи Молдавија со 3:1.
Содржината продолжува под рекламата
Вториот меч во оваа група репрезентацијата на Македонија ќе го одигра против Молдавија на 9 април, а последниот меч во групата против Словенија ќе се одигра на 12 април.
Можеби ќе ве интересира: