Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер, вели дека не се сомнева дека рускиот претседател, Владимир Путин, стои зад неговото труење. Тој во интервју за германски „Шпигел“ вели дека не се плаши од рускиот претседател.
„Тврдам дека Путин стои зад тоа злосторство и немам ниту една друга верзија за тоа што се случи“, изјави Навални за „Шпигел“.
Состојбата на Навални беше нарушена во авион додека беше на турнеја во Сибир и веднаш беше пренесен во болница во Омск, каде падна во кома. Руските лекари рекоа дека се сомневаат во метаболичко нарушување и ја отфрлија секоја можност дека Навални е отруен.
Тој потоа беше префрлен во болница во Германија, а германските доктори рекоа дека имаат докази дека Навални бил отруен со нервен агенс „Новичок“.
Можеби ќе ве интересира: