АМС најавува дека нема да ги признае резултатите од Изборното собрание на ФФМ

Naumce Mojsovski Direktor na AMS

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски испрати официјален допис до Фудбалската федерација на Mакедонија  во кое нагласи уште еднаш дека нема да ги признае резултатите од Изборното собрание при ФФМ, кое треба да се одржи утре.

Zito akcija 640x289px

Мојсоски и Мухамед Сејдини одамна се обидуваат да пронајдат заеднички јазик, првиот човек на АМС наложи до ФФМ дека мора да се почитува новиот закон за спортот, но од фудбалската федераија не размислуваат за промени во изборот и структурата. 

Agria

Тој во соопштението рече дека ФФМ мора до го почитува законот за спорт.

„АМС како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт, веќе подолго време бара усогласување со Законот за спорт, а ФФМ и покрај бројните укажувања, продолжува да функционира спротивно на законот и позитивното право во државата.

ФФМ подолг период ги игнорира и одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инистирањето на АМС.

Законот за спорт важи за сите подеднакво и сите учесници се должни да го почитуваат. Имаме поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига за доследно почитување и примена на Законот за спорт. Напредокот на спортот е возможен само со заеднички напори и почитување на законските регулативи“, стои во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: