Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градовите е умерен. На граничните премини од македонска страна нема долги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, внимавање на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно возење на возилата, особено на патните правци по долините, речните долини и клисурите, каде што има можност за појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е пуштен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3,5 тони.
Сепак, има ограничувања поради градежните работи на патот на патот:
автопатот А1, делница Петровец – Катланово,
државниот пат А2, делница Миладиновци – Хиподром,
експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино
патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид
Поради изведување градежни работи на повеќе делници од патниот правец А2 Кичево-Охрид сообраќајот се одвива со отстапувања.
Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа АМСМ препорачува строго да се почитува сигнализацијата и да се вози со прилагодена брзина, информираат од АМСМ.