Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
„Поради вградување на асфалтен слој од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес – Градско односно делот од село Ногаевци до село Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот“, информираат од АМСМ.
Од АМСМ им препорачуваат на возачите прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Можеби ќе ве интересира: