Доктор Анастасија Иванова е новата директорка на Центарот за јавно здравје Велес. Ваква одлука донел министерот за здравство Венко Филипче на последниот ден од минатиот месец.
Д-р Иванова е специјалист по микробиологија со паразитологија, а во Центарот работи од 2012 година како микробиолог. Во последните пет години е началник на лабораторијата.
Новата директорка Иванова доаѓа на местото на Тони Димитриевски, кој пред десеттина беше разрешен од функцијата, откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат утврди низа неправилности во неговата работа.
Таа должноста ќе ја преземе утре, за кога е закажано примопредавањето на функцијата.
Центарот за јавно здравје во Велес е институција која ги врши тестирањата за коронавирус, а ги покрива и единиците во Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Гевгелија.