Ангели со драматична победа во завршница против Борец Баскет – решавачкиот кош постигнат со звукот на сирената

ANgeli Borec BAsket

Во вистинска драматична завршница, тимот на Ангели успеа да слави со минимална победа од 79:78 против велешки Борец Баскет, во првиот четвртфинален натпревар од плеј-офот во Првата кошаркарска лига. Натпреварот се одигра синоќа, а победничкиот кош беше постигнат буквално со звукот на сирената.

Zito akcija 640x289px

Иако Борец Баскет имаше водство во текот на целиот меч, вклучувајќи го и полувремето кога резултатот гласеше 35:41, домаќините од Скопје не се предадоа. Со голема борбеност и упорност, успеаја да се вратат во игра и да го решат натпреварот во своја корист со кош постигнат буквално во последната секунда.

Agria

Оваа победа им носи предност од 1-0 во серијата, но ништо сè уште не е одлучено. Реваншот се игра во среда во Велес, каде Борец Баскет ќе се обиде да израмни и да избори трет натпревар, додека Ангели ќе бараат потврда на пласманот во полуфиналето.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: