Претседателот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека како држава сме подготвени за престојната зимска сезона и за врнежите од снег. Ова следува откако во тек е одржување на координативен состанок за чистење на снег од патиштата и помагање на жители во завеани региони, на кој присуствуваат претставници на УХМР, МВР, ЈПДП, ДЗС, Министерство за локална самоуправа, Железници, АД Водостопанство, преставник на ЗЕЛС и МЕПСО…
Тој апелираше до граѓаните, како што вели, да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења на социјалните мрежи секоја година дека „снегот повторно ги изненади“ надлежните.
„Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени. Капацитетите на ЈПДП и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата и патиштата“, рече Ангелов на прес-конференција.
Граѓаните речиси секоја зима се жалат дека снегот ги изненадува надлежните институции и дека имаме нерасчистени улици и патишта низ државата.