Ангеловски го соопшти списокот за ЕВРО 2020: Со Чурлинов и Милан Ристовски на ЕП!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ги избра 26-те фудбалери за претстојното деби на Македонија на Европското првенство летово.

Zito akcija 640x289px

Дарко Чурлинов и Милан Ристовски се „изненадувањата“ на списокот, за кои Ангеловски се реши да ги поведе на континенталниот шампионат меѓу 26-те играчи , додека останатите се фудбалерите кои практично го понесоа товарот на патот кон историскиот успех и во изминативе две години беа повикувани за настапите за репрезентацијата.

Agria

Македонската селекција од среда (26 мај) го стартува тренинг кампот пред настапот на ЕП, а единствена контролка ќе биде дуелот со Словенија, по што на 8 јуни националниот тим ќе замине за Букурешт на Европското првенство.

Македонија на Евро стартува на 13 јуни против Австрија, на 17 јуни игра со Украина, двете во Букурешт, а на 21 јуни патува за Амстердам на мечот од последното коло во групната фаза против Холандија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: