Малите хидроцентрали, имајќи ја предвид моменталната цена на електричната енергија, на државата годишно и заштедуваат 79 милиони евра. Доколку не би постоеле овие енергетски капацитети оваа сума би требало да се плати за увоз на електрична енергија.
„Велиме 80 евра е цената на електричната енергија од малите хидроелектрани што ја плаќа државата. Ама денеска гледаме дека ценава на берза е 260 евра, па само денеска ако земеме дека тие хидроелектрани во моментот произведуваат 50 мегавати, а толку произведуваат, јас го проверив тоа пред овој разговор и ако земеме дека за 24 часа произведуваат 50 мегавати и ако ја земеме разликата од 261 евро колку што е денеска кога струјата би ја продале на пазар до 80 евра колку што им ја плаќа државата, тоа се 181 евро по мегават час разлика во цена или тоа на дневно ниво се 217 илјади евра. Тоа значи денеска малите хидроелектрани, за овие коишто зборуваме – спорни, тие денеска оставаат во државата 217 илјади евра и веројатно затоа веќе ги нема овие гласноговорници. Е сега, ако тоа го зборуваме на месечно ниво е 6,5 милиони евра, а ако зборуваме една година да трае оваа криза и хидроелектраните да ја оставаат таа струја во системот којашто денеска ја оставаат, тоа е 79 милиони евра“, вели во интервјуто за МИА, претседателот на Управниот одбор и извршен директор на „Фероинвест“, проф. д-р. Кочо Анѓушев.
Содржината продолжува под рекламата
Според Анѓушев, ако државата не вложува во изградба на хидроелектрани, фотоволтаици или ветерни електрани тогаш останува зависна од увоз на електрична енергија бидејќи јагленот за термоелектраните е на исцрпување, а производство на струја од мазут е значително поштетно за животната средина.
Содржината продолжува под рекламата
„Секое едно нешто кога го градите без разлика дали е зграда во градот, хидроелектрана во планина, фотоволтаик, ветерна електрана, таа во текот на градбата има влијание на животната средина. Јас ги канам сите тие да дојдат после 10 години да видат како изгледа хидроелектраната. Само две парцели по 200 квадрати се над земја, се друго е под земја и зеленилото е вратено во планината. Да, тоа кога се градело се копал ров, се исекле некои дрвја, ама по 10 години е вратено, а хидроелектраните ќе произведуваат струја 100 години, не 10 години и затоа треба една паметна држава, да биде свесна“, вели Анѓушев.
Moжеби ќе ве интересира: