Анѓушев: Зад критиките кон хидроцентралите се кријат бизнис-интереси!

Апсолутно е неоправдано критикувањето на малите хидроелектрани, што некако стана мода, која мислам дека е предизвикана од структури што имаат бизнис-интереси, вели во интервју за најновиот број на неделникот Фокус универзитетскиот професор и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев кој преку „Фероинвест“ има претежно делумна сопственост врз дваесетина мали хидроцентрали.

Zito akcija 640x289px

„Мислам дека тука се кажуваат неколку големи невистини. Прво тоа е дека хидроцентралите ја трошат водата. Тие не ја трошат водата туку ја употребуваат и пак ја враќаат во реката. Тоа е нивно тврдење, бидејќи водата не може да се концентрира и во облик на струха да се прави врати преку жица“, вели Анѓушев.

Agria

Според него, обвинувањата од дел од еколошките граѓански здруженија дека изградбата на малите хидроцентрали влијае врз биодиверзитетот се наивни и неосновани.

„Што било кога градиме, да, има влијание врз околностите. Но, кога ќе видиме хидроелектрана 5-6 години стара а тие се прават да работат во следните 50-100 години, вие ќе видите дека над земја остануваат само два објекти, еден зафат од 200 квадратни метри и една машинска куќа од исто 200 квадрати“, вели Анѓушев.

Тој посочува дека стотина хидроцентрали во земјава оствариле приходи од 19 милиони евра, меѓутоа, како што додава, тие истовремено произвеле електрична енергија.

„Доколку тие не ја произвеле оваа електрична енергија, тогаш би требало да се увезе, и тоа не е бесплатно. И за тоа треба пари, и можеби нема да бидат 19 милиони евра, можеби ќе бидат 15 милиони евра, зависи од периодот, па реалната субвенција е разликата меѓу тие 10 и 15 милиони евра. Па чекајте, вие 500 милиони евра годишно плаќате струја на ЕВН, и ЕВН е приватна компанија“, објаснува Кочо Анѓушев.

Тој смета дека нападите врз овие хидроцентрали претставуваат борба за пазар, потенцирајќи дека најголемиот хидропотенцијал се наоѓа во земјите како Босна, Албанија, Косово, Србија, Македонија, односно, како што нагласува, секаде каде што ова се наметнува како еколошко прашање.

https://batali.net/21645/evtinata-tarifa-ke-ostane-a-novata-czena-na-strujata-ke-se-znae-naskoro/