Експлозивните изјави на Антонио Конте по ремито со Саутемптон (3-3) во саботата, ја запали црвената ламба во Тотенхем. Италијанецот е бесен што неговиот тим загуби предност од 3-1 во финишот, а се започна со серија прозивки на сметка на неговите играчи.
Содржината продолжува под рекламата
Некои тврдат дека добар дел од изјавите се однесувале и на челниците на клубот, но Италијанецот на итниот кризен состанок по натпреварот објаснил дека мислел на играчите. Се вели дека Даниел Леви ја прифатил верзијата на Италијанецот и тој останува на менаџерската позиција.
Содржината продолжува под рекламата
Сепак, прашањето е колку долго, додека Леви се подготвува да одржи серија разговори со остатокот од одборот пред да донесе конечна одлука. Фудбалерите добија неколкудневен одмор, бидејќи нивниот следен натпревар е против Евертон на 3. април.
Конте во наредните денови ќе биде со семејството во Торино и ќе ја чека одлуката на Леви и соработниците. Желбата на предводникот на Тотенхем беше Италијанецот да ја заврши сезоната, но по последниот развој на ситуацијата, такво нешто не е сосема сигурно. Атмосферата е разнишана, сега има и проблеми меѓу менаџерот и играчите, па останува на Даниел Леви да процени што е најдобро за сите до крајот на сезоната.
Можеби ќе ве интересира: