Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи и поранешен пратеник на својот фејсбук профил објави дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на корона вирусот. Мајката на Милошоски работи како медицинска сестра во болницата во Кичево. Тој имал кратка средба со неа пред пет дена во нивниот дом во Кичево и поради тоа надлежниот епидемиолог од Битола му пропишал мерка самоизолација до 6-ти јули.
Милошоски информира дека се чувствува добро и дека засега нема никакви симптоми. Посочи дека до 6-ти јули ќе има две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица.
Инаку, Милошоски е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.
Можеби ќе ве интересира: