Апарат вреден 60 илјади евра доби велешката болница како донација од амбасадорот на Јапонија во Македонија

Japosnkiot ambasador vo Veles donirase aparat

Велешката болница за кратко време ќе добие дигитален апарат кој ќе биде инсталиран на одделението за рентгенологија и радиодијагностика. Јапонскиот амбасадор денеска со директорот на велешката болница го потпишаа договорот за грант вреден 60 илјади едва, а апаратот е од огромно знаечење за велешани, но и за околните градови како Свети Николе, Кавадарци, Неготино, Демир Капија.

Zito akcija 640x289px
japonsnki ambasador

Јапонскиот амбасадор Хирономи Савада се заблагодари на приемот од градоначалникот и директорот на болницата и кажа дека станува збор за осма донација од програмата за мали грантови и петти во Велес откако започна нејзиното спроведување.

Agria

„Се надеваме дека дигиталниот медицински апарат ќе обезбеди високо квалитетно здравство за граѓаните на Велес и сите граѓани во регионот кои ги користат услугите на болницата. Овој апарат е доделен од ЏЏП програмата која во Северна Македонија се спроведува од 1996 година и досега се имплементирани 148 проекти во вредност од над 7 милиони евра. Справувањето со ковид кризата е глобален предизвик и ние сме многу среќни што ги поддржуваме здравствените институции кои придонесуваат за спасување на многу човечки животи во овие тешки времиња. Годинава ќе потпишеме 10 грант проекти во вредност над 540 илјади евра. Пријателите кои си помагаат се вистински пријатели, рече Хиронори Савада.

Bozo Bojadziev direktor na bolnica Veles

Директорот на болницата Божидар Бојаџиев се заблагодари на Јапонскиот амбасадорор. Тој кажа дека околу потенцијални 200.000 пациенти ќе го почувствуваат бенефитот од новиот рентген апарат.

„Драги наши пријателни од Јапонија Ви благодарам од името на вработените во болницата , од името на пациентите и од мое лично име за донацијата и ви ветувам дека резултатите од работата со новиот апарат ке дадат многу позитивни достигнувања во здравствениот систем на Република Северна Македонија“, рече директоротна на велешката болница Божидар Бојаџиев.

Ace Kocevski i japonskiot ambasador

И Градоначалникот на Велес Аце Коцевски им посака топло добредојде на амбасадорот и неговата сопруга Хитоми Савада и срдечно се заблагодари за донацијата.

„Од името на Советот на Општина Велес, од името на граѓанките и граѓаните на Велес и од мое лично име сакам да упатам искрена благодарност за донацијата но и за Вашата досегашна поддршка и посветеност“, рече градоначалникот Коцевски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18988/ministerstvoto-za-zdravstvo-najavuva-21-060-dozi-vakczini-od-kompanijata-fajzer-do-krajot-na-meseczov/