Апасиев сподели скандалозна порака „Децата крв ќе ви плукаат“, па ја избриша, обвинува СДСМ

„Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја упатуваат на граѓаните. И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза, обвинува СДСМ.

Zito akcija 640x289px

„Говорот на омраза е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа се’ само заради партиски и лични интереси. Говорот на омраза е неприфатлив. А, кога тоа доаѓа од човек кој во Домот на демократијата треба да ги застапува интересите на граѓаните, е навредлив кон граѓаните и апсолутно недозволив. За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго. Токму затоа, граѓаните треба да внимаваат – од една страна е СДСМ, која ја турка државата напред, со проекти и мерки кои се во интерес на граѓаните, а од другата страна е Апасиев и Мицкоски, кои освен поделби, лаги, манипулации, закани и омраза, не нудат апсолутно ништо“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Agria

Преземено од fokus.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17780/veleshanecz-uapesen-dodeka-ograbuval-kuka-vo-prilep/