Апел од СВР Велес да не се паркира на места наменети за лица со посебни потреби

Parking za invalidi

Во изминатиот период полициски службеници од ПС за БПС Велес констатираа бројни неправилности во врска со несовесно паркирање од голем број на возачи кои ги паркираат своите возила на места наменети за паркирање на лица со посебни потреби, оневозможувајки им го паркирањето на оние на кои им е најмногу потребно.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Постоењето на овие паркинг места е одговор на потребата оваа категорија на лица кои имаат потешкотии при движењето, качувањето, симнувањето да им се олесни влегувањето и излегувањето од нивното возило или возилото во кое се превезуваат. Факт е дека паркинг треба да има достапен за сите и вистина е дека во Велес се бара паркинг плус, меѓутоа, тоа не значи дека треба да се узурпираат паркинзите определени за овие лица кои имаат реална потреба да го
скратат патот на движење до објектите.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Оттаму, СВР Велес упатува апел до сите возачи учесници во сообракајот да ги почитуваат посебно обележаните местата за паркирање наменети за лица со инвалидитет на подрачјето на Град Велес.

Казната за паркирање на возило на места означени како паркинг за лица со посебни потребни изнесува 180 евра, но на крај, покрај санкционирањето на несовесните возачи се друго е одраз на нивото на нашата општествена култура и свест. Да бидеме сите совесни возачи, да бидеме сите хумани кон нашите сограѓани со посебни потреби.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: