По многуте одиграни натпревари во неговата карирера во земјава и во странство, велешката ракометна легенда Тони Шопов, последниве три години го игра најважниот натпревар за него, натпревар за живот.
Шопов боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017 година, на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија.
Минатата година во втората операција „Ретропиротонеална лимфаденектомија“ му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија. По три месеци за понатамошно лекување е испратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци. Оваа терапија досега беше успешна, но се појавил рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција. Потребни се 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци.
За жал, ваква терапија не е достапна во нашата држава. За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 евра.
Сега, ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција, кое чини 20.000 евра. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна му е наша помош.
Во својата богата ракомертна кариера Тони Шопов настапуваше за велешки Борец, потоа за Јахона од Гостивар, Повардарие – Неготино, Младост од Богданци, скопски Југ, Куманово, Свети Николе, Весна од Велес, германските ВС Умриц и ХЦ Котбус и тимот на Сортинг Хорта од Португалија.
Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе. АПЕЛИРАМЕ ДА ЈА ПОКАЖЕТЕ ВАШАТА ХУМАНОСТ НА ДЕЛО. СЕКОГАШ Е ДОБРО ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО.
На веб страницата gofundme.com е отворен фонд за донации, на кој што можете да донирате, а подолу е и жиро-сметката на Тони Шопов, на која, исто така, можете да уплатите парична помош.
Можеби ќе ве интересира: