Апелациониот суд ги потврди првостепената пресуда за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, со која Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор.
Петкратното убиство кај Смилковско Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога животот го загубија четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, како и 45-годишен рибар од селото Црешево.
Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење. Во март 2018 година случајот го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
Можеби ќе ве интересира: