На прес конференција на градскиот плоштад во Гостивар, денеска во 10 часот, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата. Ова било предлог на претседателството на партијата со поддршка на Европскиот Сојуз за промени, објави доцна синоќа партијата.
На прес конференцијата е најавено присуството на Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и на претставникот на „Самоопределување” Беким Ќоку.
Обзнаната на кандидатурата доаѓа на два дена пред Конгресот на АА, кој го свика поранешниот претседател Зијадин Села кој сега е на партиската функција, претседател на централното собрание на Алијанса за Албанците.
Можеби ќе ве интересира: