Кандидатот на СДСМ од Велес во изборната единца три Зоран Арсовски утрово имаше средба со млади лекари специјализанти. На средбата Арсовски им се забалагодари што одлучиле кариерата да ја градат овде, во својата држава.
Тој на здравствените работници и на младите специјализанти им порача дека пред нив доаѓаат подобри времиња
„Планираме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари, а специјализантите ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари.
Како што напомена, Арсовски рече дека Јавното здравство ќе биде бесплатно за сите осигуреници преку целосно укинување на партиципацијата од 20%.
Moжеби ќе ве интересира: