Тимот на Астраион славеше убедлива победа на гостувањето кај Борец во Велес со 25 голови разлика, 23-48. Кога на стартот на мечот избраниците на Пандев Димитар поведоа со 2:7 и 6:14 веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.
До паузата струмичани обезбедија висока предност од десет погодоци, 9:23, а во вториот дел не само што ја сочуваа, туку и ја зголемуваа, за конечни 23:48.
Содржината продолжува под рекламата
Во редовите на некогашниот македонски првак Борец, се истакна Јаневски Антонио со 11 постигнати гола. Кај гостите од Струмица, Стојанов Васко постигна осум, додека Пандев Илија постигна шест погодоци.
Можеби ќе ве интересира: