Атанасовски со 10 гола го водеше Борец до победа против Преспа

Екипата на Борец ја оствари својата петта победа во Првата лига откако на свој терен триумфираше против десеткуваниот состав на Преспа со 33:21. во натпревар од 15 коло во Групата А.

Zito akcija 640x289px

Ресенчани кои на овој натпревар допатуваа со само седум играчи, му парираа на домаќинот до 23 минута до кога двете екипи се менуваа во водство. Со неколку технички гршки на Преспа, велешани се одлепија на плус четири на поливреме 15:11.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел Борец полека ја зголемуваше предноста, а голманот Ставревски кој нанижа 16 одбрани не дозволи поголем триумф на домаќините. Најефикасен на натпреварот беше Јован Атанасовски со 10 постигнати погодоци, а осум постигна Лазе Стојанов. Кај гостите најефикасен беше Везенковски со шест постигнати погодоци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27726/shkendija-ubedlivo-triumfira-protiv-borecz-vo-veles/