19-годишно девојче е повредено во сообраќајна несреќа, која се случи попладнево околу 14:20 часот на главната улица во Велес, во близина на кафе барот „Страда“.
Несреќата се случила откако возачот на автомобилот не сопрел на пешачкиот премин и ја удрил 19-годишната девојка.
„Во моментот кога е пристигната Итната медицнска помош, девојката беше во свесна состојба, со повреди на граден кош, на главата, на нозете и е згрижена на лице место со имобилизација, по што е префрлена на хирушкото одделение во велешката болница“, рече за Батали.нет д-р Василка Пановска Поп-Стефанова од велешката брза помош.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.
Можеби ќе ве интересира: