Бајден: „Епидемијата на мајмунски сипаници причина за загриженост“

dzo bajden
dzo bajden

„Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени“, изјави вчера американскиот претседател Џо Бајден.

Тој додаде дека американските здравствени власти размислуваат за потенцијални терапии и вакцини, пренесува Ројтерс.

Agria

„Ние сме многу ангажирани и се обидуваме да најдеме начини да дејствуваме“, им рече Бајден на новинарите во Јужна Кореја пред да замине за Јапонија, следната станица на неговата азиска турнеја.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација соопшти дека работи на дополнителни насоки во врска со епидемијата на оваа болест.

СЗО работи на дополнителни упатства за ублажување на ширењето на мајмунски сипаници, поради загриженоста дека бројот на случаи може дополнително да се зголеми во текот на летните месеци, рече Дејвид Хејман, претседател на Стратешката и техничката советодавна група на СЗО за заразни опасности со пандемија и епидемија.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: