Премиерот на Албанија Еди Рама најави дека денес започна со вакцинација против Ковид-19.
„Добри вести. Започнуваме со вакцинацијата против коронавирус“, напиша албанскиот премиер Рама на Фејсбук.
За тоа како ќе се одвива процесот на вакцинација деталите сè уште не се познати, пренесува „Exit.al“.
Албанската влада обезбеди 500.000 дози вакцина произведени од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Премиерот Еди Рама на први јануари соопшти дека првите 10.750 дози на вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од јануари, додека другите 30.250 дози ќе дојдат во февруари, врз основа на планот за вакцинација.
Пред неколку дена премиерот го посети стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерката за здравство, Огерта Манастирлиу. Стадионот ќе служи како прв центар за вакцинација. Според Рама, прво лекарите ќе бидат вакцинирани.
Можеби ќе ве интересира: