Утрово во 8 часот и 10 минути се случи втор потрес на албанско тло, на само 17 километри североисточно од Центар Жупа, Македонија.
Земјотресот според ЕМСЦ бил со јачина од 4.5 степени, на длабочина од 10 километри, покажуваат првичните информации.
Пет минути претходно, истото место беше погодено од земјотрес од 3.3. степени.
Засега нема информации за материјални штети.
Можеби ќе ве интересира: