Довчерашниот министер за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ се уште не се сеќава на несреќата што тој ја предизвика. Лекарите со проценка дека ваквата здравствената состојба ќе потрае . По неговото експресно разрешување од функцијата, Министерството за одбрана го презеде Здравко Јакоб.
Содржината продолжува под рекламата
,,Здравствената состојба на господинот Баножиќ е стабилна. Тој е надвор од животна опасност, но се уште многу сме внимателни заради сериозноста на повредите со кои се здобил во несреќата. Новите наоди од утринава не покажуваат никаков значаен прогрес. И понатаму не се сеќава на несреќата, не е целосно свесен. Тешко е да се каже, но во најдобар случај, ваквата здравствена состојба ќе потрае уште неколку денови. Не знам каква е законската процедура но не верувам дека полицијата може да добие релевантни информации од него во оваа состојба во која што е сега.” – изјави заменик дикректорот на КБЦ Осијек, д-р Крунослав Шего.
Содржината продолжува под рекламата
За предизвикувањето на сообраќајката во која загина 40 -годишен татко на две деца, Баножиќ доби кривична пријава. Се уште се чекаат резултатите кои треба да покажат дали бил под дејство на алкохол кога со своето приватно возило претекнувал камион и удрил во комбе.
Можеби ќе ве интересира: