Во рамки на Купот на Мaкедонија, екипата на Башкими од Горно Јаболчиште ја совлада екипата на Горски со резултат 3:1, на натпревар одигран во населбата Чашка.
Горски на овој натпревар го имаа водствот преку Васе Николиќ до 65 минута кога Албин Јашари со прекрасен погодок од слободен удар, оставајќи го голманот на Горски без одговор и го израмни резултатот. Лавдерим Лазами и Исмети Бурхан беа стрелците на Башкими во пресвртот.
Со оваа победа, Башкими обезбеди пласман во следната рунда од Купот, додека за Горски завршува овогодинешното учество во ова натпреварување.