Екипите на Башкими и Големо Коњари одиграа нерешено 1:1, на стадионот во Населба Чашка во рамки на 10 коло од Третата фудбалска лига – Југ. Гостите имаа низа од осум последователни победи во првенство, па Башкими само ја прекина оваа низа.
Најдобриот стрелец на домашниот тим, Зани Ахмедовски го отвори резултатот во 60 минута. 10 минути подоцна, гостите преку Михо Андреевски го израмнија резултатот на 1:1.
По 10 одиграни кола, Башкими е четвртопласиран со 16 бода, девет помалку од лидерот Големо Коњари. Во следното коло, Башкими гостува во Лажани, кај екипата на Слога.