Фудбалерите на Башкими од село Горно Јаболчиште, продолжуваат со одличните резултати како дебитант во Третата фудбалска лига – Југ. Во рамки на 22 коло тие го совладаа тимот на Питу Гули со резултат 1:0.
Стрелец на единствениот погодок беше Зани Ахмедовски во 14 минута. Лидерот на табелата Големо Коњари како и второпласираниот тим, Превалец победија ова коло па остана разликата од 7 бодови заостанување на Башкими зад лидерот.
Во следното коло Башкими гостува кај првопласираниот тим на Големо Коњари, и доколку победи ќе ја направи мошне интересна трката за првото место во Третата фудбалска лига – Југ.