Фудбалскиот клуб Башкими од село Горно Јаболчиште ја забележа својата прва победа во новата сезона од Третата фудбалска лига – Југ, совладувајќи ја екипата на Младост од Кривогаштани со убедливи 6:0. Ова беше прв официјален натпревар за Башкими, откако не го одиграа воведниот меч од првото коло поради повлекувањето на Слога од Лажани од натпреварувањето.
Херој на натпреварот беше Аљбим Јашари, кој постигна хет-трик уште во првите 20 минути од средбата, со голови во 2-та, 15-та и 20-та минута. Преостанатите три погодоци ги постигнаа Елфати Таировски во 32-та, Лавдрим Лазами во 35-та и Вергим Јајов во 36-та минута, со што беше заверена доминацијата на домашниот тим уште во првото полувреме.
Со оваа победа, Башкими најавува сериозни амбиции за тековната сезона и се искачува на табелата со три бода, со натпревар помалку.