Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Бектеши: Инспекциските тимови уште вчера започнаа со проверка кај големите ланци на маркети

minister Bektesi
minister Bektesi

Контролите на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кои почнаа од вчера, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност која граѓаните ќе ја забележат, треба да ја пријават во ДПИ, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Zito akcija 640x289px

Министерот вели дека е задоволен од тоа како досега се почитува владината одлука за поевтинување на прехранбените производи од страна на трговците и повторно најави дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалаците.

„Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите ланци маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на ланците супермаркети платите зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив“, рече Бектеши.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: